Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по:
Дистрибутер / Возач
(Ц категорија)
Што добивате:
- Конкурентна плата;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
- Исплата на годишен регрес;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa;
- Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.
Одговорности на возачот:
- Извршување на транспорт на стока од добавувачот до Друштвото, според налог и во согласност со утврдените процедури;
- Извршување на достава на стока до партнери и крајни купувачи;
- Контрола на исправноста на документи за транспорт и/или достава на стока;
- Според упатствата на непосредниот надреден и во согласност со утврдена процедура, преземање на стока за поврат, сервис и стока издадена на реверс од партнерите, која се довезува во магацин на Друштвото.
- Континуирано следење на техничката исправност на возилото и по потреба корективно дејствување (директно или пријавување до надлежното лице за одржување на возниот парк);
- Одржување на уредност и чистота на работните простории и возилата;
- Стручно усовршување во своето работно поле;
- Усвојување на постојните и поттикнување на развојот на нови алатки за поддршка на бизнис процесите во областа на одговорност.
Од кандидатот очекуваме:
- Посакувано е кандидатот да има искуство во превоз на техничка стока;
- Организираност и точност;
- Педантност и одговорност за стоката,
- Возачка дозвола од категории Б и Ц;
- Познавање на работа со компјутер.